По објавувањето дека ќе има предвремени парламентарни избори, Египќаните се изложени на политички притисок и се врши мобинг врз лицата што се вработени, обвинуваат претставници на оваа етничка заедница.

– Јавно прашуваме дали сега кога Египќаните не сакаат масло, брашно и други прехрамбени продукти сакате со сила и газење на нивниот личен интегритет, да им го земете гласот? Апелираме до сите тие кои посегнале по вакви недемократски средства,  да се преиспитаат и себе си и своето однесување, пред да биде доцна, бидејќи нема да седиме со скрстени раце, ќе поднесеме кривични пријави и ќе го известиме меѓународниот фактор, најавува Демир Далип, претставник на заедницата на Египќаните.

OhridNews