НВО Коалицијата, Светла Иднина 2009, Движењето ОПЕМ, и Форца Египќани, Охрид, ке испратат и официјално барање до претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Велјаноски, на некоја од наредните седници, како посебна точка на дневниот ред, да се расправа за востановување Ден на Египќаните, во Република Македонија, како посебен, автентичен и автохтон етникум.
„Покрај многуте празници и денови на другите етнички заедници, Египќаните се чувствуваат отфрлено и запоставено во сопствената татковина. Имаме природно и основано легитимно право на свој ден. Ромите го имаат 8 Април, 23 мај Власите, итн, тогаш се поставува прашањето Зошто Египќаните, се иземани од овој процес, и дали тие се поставени во нееднаква положба со останатите етникуми , кои имаат свои денови, на кои ги одбележуваат, како одраз на една објективна стварност,дека тие тука се реалност, на овие простори. Во вакви конотации, мојот народ, е поставен на основите на Дискриминацијата, а тоа не треба да се премолчи.“ – истакна Демир Далип, овластен преставник на Египканите за надворешна соработка, пренесува „24 вести“.
Тој, посочи, дека и во градовите каде што има значителна бројка на Египкани, ќе се побара од локалните власти, да дадат свој придонес, кон остварување на ова право на Македонските Египкани.
OhridNews