Најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо го навлече гневот од соиграчите и навивачите на Реал Мадрид на мечот со Атлетик Билбао кој заврши во корист на домаќините 2-1. Роналдо во финишот одлучи сам да заврши контра напад иако на левата страна ги имаше Мората и Крос кои сигурно непречено ќе ја сместеа топката во мрежата.

Но, тоа не беше се, бидејќи после мечот на социјалните мрежи се појави слика на која Роналдо рекламира офсајд при постигнувањето на победничкиот гол на Мората за својата екипа.

Мората џокер на „кралевите“ на Сантијаго Бернабеу (видео)

OhridNews