Ракометарите на Охрид го совладаа Олимпијакос во Атина 26:31 во првиот натпревар од четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп и направија огромен исчекор кон најголемиот успех во клупската историја.

Играчите на Борис Ројевиќ одиграа перфектен натпревар во кој имаа контрола во текот на сите 60 минути. Одличната одбрана ја предводеше денеска одличниот Пилиповиќ со 16 интервенции од кои три одбранети пенали. Нападот го предводеа извонредните Лиапис и Иванковиќ со по 7 погодоци. На спротивната страна, Савас Савас мечот го заврши со 14 погодоци.

Статистика ГРК Охрид: Пилиповиќ (16 одбрани), Блкажески, Лиапис 7, Иванковиќ 7, Стрмљан 4, Прибетиќ 4, Ѓукиќ 3, Борозан 2, Ојлески 1, Јагуриновски 1, Реј Моралес 1, Петриќ 1, Ристески, Кукуловски, ТРасески, Савревски.

Реваншот се игра во Охрид на 4 април.
Г.М.













