Екипата на ГРК Охрид пристигна во Градишка, Босна и Херцеговина, каде што утре, 22.11.2025 (сабота) од 18:00 часот ќе го одигра реванш натпреварот од третото коло од ЕХФ Европскиот Куп со Слога Добој.

Екипата вечерва одработи тренинг во “Арена Градишка”.

Првиот натпревар во “Билјанини Извори” заврши со убедлива победа на Охрид од 18 голови разлика.

OhridNews
Фото: А. Момироска