Ракометарите на Охрид имаат убедлива предност 8:19 по првите триесет минути од реваншот со Слога Добој што се игра во Градишка во рамки на 3-то коло од ЕХФ Европскиот Куп.
Охриѓани слично како и на првиот меч доминираат во играта во двата правци и ја потврдуваат фаворитската улога.
За потсетување Охрид го доби првиот натпревар во „Билјанини извори“ со 18 голови разлика со што направи огромен исчекор кон пласман во осминафиналето од ова европско ракометно натпреварување.
Г.М.
Фото: А. Момироска

















