Ракометарите на Охрид водат на полувреме против Олимпијакос во Атина 10:15, во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Евроспкиот куп.

Четата на Борис Ројевиќ во првите 30 минути доминираше на теренот во двата правци. Пилиповиќ во првото полувреме оствари 9 интервенции, а Лиапис го предводи нападот со 4 гола, Стрмљан постигна 3, Иванковиќ и Ѓукиќ по 2 гола.

Следи второто полувреме во кое веруваме дека Охрид ќе оствари поволен резултат пред реваншот кој се игра на 4 април во салата „Билјанини извори“.

Г.М.
Фото: А. Момироска