Пласманот на ГРК Охрид во финалето на ЕХФ Европскиот куп денеска е топ тема во ракометната јавност како кај нас така и во Европа.

Тие го направија тоа! ГРК Охрид ја зграпчи победата и со тесен триумф над Целје се пкасира во ЕХФ Европскиот куп, објави ЕХФ.

Честитки за успехот на ГРК Охрид стигнаа и од двократниот Европски шампион Вардар.

Актуелниот ракометен шампион на Македонија Еурофарм Пелистер исто така го честита успехот на ГРК Охрид.

Со јавна објава успехот на Охрид го честиташе и МРК Куманово.

До клубот пристигнуваат честитки од други клубови и спортски работници во кои се истакнува значењето на успехот за македонскиот ракомет.

Г.М.