Европската куќа на ракометот (ЕХФ) од следната сезона ќе го збогати наградниот фонд на милион евра за учесниците во завршницата од Лигата на Шампиони.


Победникот од финансискиот колаж ќе заработи половина додека останатите екипи кои ќе бидат дел од Ф4 турнирот ќе ги поделат останатите 500 000 евра.

ЕХФ со новитетот сака да го подигне на повисоко ниво квалитетот во ЛШ како и интересот и фокусираноста на клубовите.

Македонија во Лигата на Шампиони две сезони има по два преставници, а се очекува и следната сезона две екипи да бидат дел од ракометната елита.

Мх.П.