Македонската ракометна федерација заработи казна во висина од 3.000 евра од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ), поради фрлените предмети од страна на публиката на првиот бараж дуел за СП со селекцијата на Австрија одигран на 9. јуни во СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Во одлуката на ЕХФ се вели дека фрлените предмети од страна на македонските навивачи влијаеле на текот на мечот и дека предизвикале краток прекин во одреден период. Навивачите за време на натпреварот влегоа во расправија со голманот Бауер кој предничеше со поровокациите.

ohridnews