Европската куќа на ракометот (ЕХФ) има чудни и неразбирливи критериуми при избирањето на ракометарите за идеалниот тим за секое коло од Лигата на Шампиони.


Македонскиот интернационалец во дресот на Барселона, Кирил Лазаров три рунди со ред ги „буши“ противничките мрежи, а ЕХФ упорно мижи пред успесите на десниот бек.

Саботата, Лазаров во убедливата победа над Алингас (42-29) постигна 12 погодоци што е рекорд за оваа сезона и изби на врвот од листата на стрелци.

Но, и сето ова според ЕХФ не е доволно за да биде Лазаров во тимот на колото од седмата рунда во Лигата на Шампиони.

 

Мх.П.