Висока делегација на ракометната европска куќа во состав претседателот на ЕХФ, Тор Лијан, и генералниот секретар Михаел Видерер, денес и утре ќе ја посетат Ракометната федерација на Македонија.
Целта на посетата е на лице место челните луѓе да видат како напредува организацијата на сениорското ЕП, што во декември треба да се одржи во Македонија.
За Тор Лијан ова ќе биде првата посета на на Македонија. Тој летово требаше да го потпише договор со РФМ за организација на ЕП, но не допатува бидејќи му беше целосно загубен багажот.
момент по потпишувањето на договорот
Делгација нд РФМ ќе направи контакти со Владата и ќе побара пари за да може добро да се организира.
Инаку ЕХФ неодамна на ракометните авторитети во земјава им соопшти дека воочените недостатоци во салата во Охрид треба да бидат најитно отстранети, зошто во спротивно постои опасност на Македонија да и биде одземена организацијата на ЕП
воочени забелешките при обиколката на спортската сала
При обиколката на салата пред месец дена градоначалникот на Охрид, Александар Петрески најави дека не само што ќе се отстранат посочените забелешки туку и ќе се направи многу повеќе за подобрување на условите за спортување во салата.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...
Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за последните два натпревари во групата Б1 од Лигата на нации Избраниците на селекторот Гоце Седлоски прво ќе ѝ гостуваат на Шкотска, а п...