Европската комисија го поддржува извештајот за случувањата од 24 декември, потврди за Макфакс портпаролот Петер Стано. Еврокомесарот Штефан Фуле го поздравува донесувањето на извештајот на анкетната комисија, потенцирајќи дека истото ќе биде нотирано во претстојниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија.

„Го поздравувам успешниот епилог на анкетната комисија, и донесувањето на конечниот извештај со консензус, поддржан од сите членови на комисијата. Ова покажува дека компромисни решенија може да биде изнајдени преку политичка волја, дијалог и компромис. Ги очекуваме следните чекори и имплементацијата на заклучоците кои ги содржи договорот, како и сета остана содржина на политичкиот договор од 1-ви март”, изјави еврокомесарот, нагласувајќи ја и помошта со која европските експерти им помогнале на членовите на анкетната комисија.

Според Фуле, постигнатиот резултат помага во справувањето со домашните политички притисоци, а исто така и покажува дека евроинтеграцијата на земјата останува од огромен интерес за сите политички партии во земјата.

OhridNews

Makfaks