Европската комисија смета дека Македонија уште од 2009-та година ги исполнила политичките критериуми за влез во ЕУ и препорачува отварање на пристапните преговори со Унијата. Ова е една од главните поенти во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, кој ќе биде објавен во среда.
– Во недостаток на процес на преговори, главен форум за дискусија и мониторинг на реформите се телата формирани во рамки на Договорот за стабилизација и асоцијација, како и со пристапниот дијалог на високо ниво, кој е воспоставен во 2012 година, и кој придонесе за прогрес во повеќето приоритетни области”, се наведува во извештајот на Комисијата.
ЕК ќе се осврне и на политичката криза која следеше во Македонија по настаните од 24 декември, а во однос на локалните избори од април годинава, Комисијата потенцира дека истите биле оценети како професионални и ефикасно администрирани. Нотиран е и прогрес во областите на судството и антикорупцијата, а според ЕК, земјата веќе достигнала високо ниво на услогласеност во однос на тоа до каде е во процесот на пристапувањето во ЕУ.
OhridNews
извор: Макфакс