Екипата на Сатеска Волино го освои 27 турнир во мал фудбал „Богородица куп“. Во финалето што се одигра вечерва во Волино пред полно гледалиште, Сатеска Волино ја совлада екипата на Брумел со 6:0.
Натпреварот започна со една минута молк во чест на прерано починатиот Крсте Илинкоски.
Сатеска поведе со голот на Никола Секулоски, кој постигна три гола на натпреварот и беше прогласен за најдобар стрелец на турнирот – награда „Крсте Илинкоски“.
Наградниот фонд на турнирот годинава изнесуваше 355 000 денари, а победникот освои 200 000 денари. Парични награди освоија второпласираната, третопласираната и четвртопласираната екипа, како и најдобриот голман, стрелец и МВП.
За МВП на турнирот – награда „Зоран Митрески – Бутрагењо“ прогласен е Дарко Симјаноски, додека наградата најдобар голман отиде во рацете на Јанче Јанчески.
Претходно во натпреварот за 3 место Инекс Олгица ја совлада екипата на Чардак Велгошти со 4:2.
OhridNews
Фото: А.Момироска