Екипата на Топ 5 Клиника Д-р Баткоски ја освои лигата во мал фудбал во провинцијата Биела Ивреа во Италија. Во финалето од плеј-офот, Топ 5 Клиника Д-р Баткоски ја совлада екипата на Ред Дејвис од Понт Сант Мартен со 6:3.

Ова е втора титула во Шампионатот во мал фудбал за аматери во Биела Ивреа за екипата на Топ 5 Клиника Д-р Баткоски, која има освоено и неколку други слилни турнири. Тримфот на Топ 5 Клиника Д-р Баткоски беше една од главните вести во тамошните локални медиуми.

Клиниката Д-р Баткоски е спонзор на екипата во мал фудбал во Италија веќе 4 години. Овој познат здравствен бренд е пионер во развојот на денталниот туризам во Македонија со развиена мрежа на клиенти во Италија. Клиниката Д-р Баткоски, покрај пациенти од Охрид, Струга и поширокиот регион, опслужува и голем број странски пациенти. Тие во се поголем број доаѓаат во Охрид каде грижа за нивното дентално здравје води професионален тим лекари и високо остручен персонал на стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

Г.М.