Второто по ранг натпреварување на стариот континент Лигата на Европа како никогаш до сега не била исполнета со ѕвучни имиња на екипи и дерби средби во 1/16 финалето.


Во првата елиминациска фаза учествуваат премиерлигашите Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, германските бундеслигаши Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен, шпанските Севиља и Виљареал и екипи од рангот на Олимпијакос, Андерлехт, Порто, Наполи..

На овие екипи можат да им подзавидат и љубителите на Лигата на Шампиони кои секако ќе гледаат добар и квалитетен фудбал по имињата на тимовите учесници во најмасовното клупско натпреварување во Европа.

Двојки:

19 часот: Андерлехт – Олимпијакос, Борусија Дортмунд – Порто, Митјиланд – Манчестер Јунајтед, Фиорентина – Тотенхем, Сент Етјен – Базел, Севиља – Молде, Виљареал – Наполи.

21:05 часот: Аугзбург – Ливерпул, Галатасарај – Лацио, Олимпик Марсеј – Атлетик Билбао, Шахтјор – Шалке, Сион – Брага, Спарта Прага – Краснодар, Спортинг – Баер Леверкузен, Валенсија – Рапид Виена.

OhridNews