Денеска, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ извршија чистење на обновеното живеалиште на жолтиот локвањ, во областа Мазија на кејот од Охридското Езеро, каде изминатиот период можеа да се забележат колеми количини отпад кои ги фрлиле несовесните граѓани, за што пишуваше и OhridNews.

Во акцијата на „Охридски комуналец“ подигнати се  3 метри кубни трска, како и комунален отпад,меѓу кој најзастапени биле пластичните предмети.


Од претпријатието со апел до граѓаните да покажат поголема еколошка свест.

OhridNews