Во последниот ден од зимскиот преоден рок изостанаа бомбастичните трансфери во Премиер лигата, но екипите беа активни и доведоа играчи во главно од Европа.


Најактивен беше тимот на Хул кој комплетираше дури седум трансфери во последен час. „Тигрите“ во своите ги доведоа Ранокија (Интер), Нијасе (Евертон), Ндиајеа (Виљареал), Евандро (Порто), Хенриксен (АЗ Алкмар), Марковиќ (Ливерпул) и Гросицки (Рен).

Екипата на Саутемптон го имаше трансферот на денот, откако во своите редови за 16 милиони евра го доведе Маноло Габијандини од тимот на Наполи.


Ливерпул, најде решение за Мамуду Сако, но не и конечно испратувајќи го на позајмица во Кристал Палас. Екипата предводена од Сем Алардајс се засили и со Лука Милојевиќ. И тимот на Свонси се засили со Џордан Аје. Напаѓачот на Либерти стадионот стигна од Астон Вила.


(Не)очекувано тивки на трансфер пазарот во зимскиот преоден рок беа екипите од врвот на табелата кои сите ресурси ги чуваат најверојатно за летниот преоден рок.

OhridNews