Екипите на „Јавна хигиена“,  есенскиов период со зголемен ангажман го подигаат  паднатиот лист од јавно-прометните површини.

Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, дневно се собира и подига околу 15 м3 непресуван лист од градскиот парк, коловозите и тротоарите во централните и периферните делови од општина Охрид, кој потоа се транспортира во расадникот, каде истиот се компостира.

OhridNews