По вчерашната вест и апелот од граѓаните дека вандалите оштетија контејнер во централното градско подрачје, на терен излегоа екипите на охридското јавно претпријатие „Комуналец“.

Оштетениот контејнер кој ја нагрдуваше сликата во строгиот центар е отстранет, а граѓаните изразија благодарност за брзата интервенција на екипте на ова претпријатие.

Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа истакна дека во периодот кој претстои, охридското јавно претпријатие ќе излегува во пресрет на граѓаните секогаш кога е потребно.

Како в.д. директор на ЈП „Охридски Комуналец“ секогаш ќе бидам на располагање на барањата на граѓаните во однос на услугите кои тие треба да ги искористат од нас. Сакам да истакнам дека ќе бидеме во служба на охриѓани секогаш кога е потребно.“ – потенцира Скрческа.

Оштетени контејнери во централното подрачје

О.Т.