Екипите на ЈП Охридски Комуналец со повеќе активности на терен во насока на одржување на јавната чистота и зеленилото.
Спроведено е чистење и косење на повеќе локации во Охрид и околните села. Опфатени се активности во Пештани, Горно Лакочереј и Долно Лакочереј, Подмоље и Кошишта, информираат од претпријатието.
Претходните денови екипи на претпријатието ја косеа тревата во населба Христо Узунов, а беше спроведено и чистење и миење на ул „.Григор Прличев“, после ставање во функција на нова водоводна мрежа.
OhridNews
















