Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ вечерва преземаат интензивни активност за расчистување на снегот од коловозите, тротоарите, пешачките патеки и останатите јавни површини во градот, информира градоначалникот на Охрид Константин Георгиески..
За поголема ефикасност на теренските активности, ставени се во употреба и новите Моторни чистачи за снег со дувалка, кои неодамна ги набави Општина Охрид. Беа набавени 10 вакви моторни чистачи со вкупна вредност од 755.200 денари, објави на својот Фејсбук профил градоначалникот Георгиески.
OhridNews




















