Приближно 40 подводни ентузијасти од Струга, Охрид, Тетово, Скопје, Кавадарци, Белград, Битола и Штип на иницијатива на нуркачките клубови „Норкач“ и „Скаут“ од Струга се собраа во селото Радожда и имаа повеќе од успешна еко акција за чистење на брегот од Охридското Езеро.

За жал, извадивме многу ѓубре, но остана уште многу повеќе и нашата заложба е оваа акција да ја спроведуваме и во следните години бидејќи Охридското Eзеро е одговорност на секој од нас, велат организаторите.

Воедно упатуваат голема благодарност до сите учесници, како и до оние кои несебично ги поддржаа во нивната намера: Пивара Скопје, Нула Отпад Скопје, САЕ Тигар Нуркачки клубови: СНК Врело Скопје, ЕНК Пена Тетово, Акватек Охрид, Дно Дна Белград, ЈП Комунална хигиена Струга и Езерската полиција.

Охридското Езеро е одговорност на секој од нас!

OhridNews