Дваесетгодишното успешно присуство на пазарот, ЛТХ Леарница го одбележа со еколошка акција во рамки на која беа засадени 20 дрва во дворот на фабриката.
Целата управа, заедно со посветени вработени и поддржувачи, со ентузијазам се вклучи во оваа зелена иницијатива. Секое засадено дрво, го симболизира нашиот ангажман за здрава и одржлива иднина, велат од ЛТХ Леарница.
Во духот на еколошката одговорност, ЛТХ Леарница месец јуни го прогласи за месец без автомобили на работа. Мотото на еко акцијата е „Со точак на работа“.
Секој вработен е охрабрен да доаѓа на работа со велосипед, придонесувајќи за почист воздух и поздрав начин на живот. За најдобриот и најупорниот велосипедист следува значајна награда, а сите учесници ќе добијат благодарници како признание за нивниот придонес кон зелена иднина, истакнуваат од ЛТХ Леарница.
Веруваме дека со мали чекори – како засадено дрво или избор на велосипед наместо автомобил – создаваме голема разлика, додаваат од компанијата.
Г.М.