Во рамки на програмата „ Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, која се спроведува со подршка од министерството за образование, денес, во Електро- машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ беше организирана еколошка акција. Во акцијата учествуваа сите ученици и вработени во центарот.

– Целта беше разубавување  на училишниот двор и подигање на еколошката свест  на учениците и возрасните, велат од средното училиште.

Во рамки на акцијата, во соработка со ЈП „Охридски комуналец“ беа засадени околу 40 садници (туи, лагестремии, криптомерии, елеогнуси и др ).

OhridNews