ЕКО ФАП спроведе уште една еколошка акција овојпат во Бејбунар. Собрани два камиони отпад и како што велат оваа акција ја посветуваат на најмладите кои во текот на зимскиот период тука се санкаат.

Зимата навистина помина, ама дури трепниш другата ќе дојт и гуната пак ќе требит! Пак ќе дојдет дечиња на санкање на култното место кај Бејбунар од кое чичковците од ЕКО ФАП Охрид до сега собраа два камиони отпад за местото да е чисто, а санките да летет!, велат од ЕКО ФАП.

Додаваат дека оваа акција е со љубов до најмилите, до иднината на Охрид, до нивното височество децата како мал придонес за нивните спомени од Бејбунар на зима.

OhridNews