Еколошкото друштво „ЕКО-ЛАГ“ од Охрид продолжува со донирање на капачиња во рамки на  иницијативата „Секое капаче е вредно“.

Денес по повод Денот на Езерото, здружението донираше 2000 капачиња кои беа ставени во специјалната конструкции за собирање пластични капачиња на градскиот плоштад. Заедно, со акцијата од минатата година „ЕКО-ЛАГ“ досега има донирано 10 000 капачиња.

Од здружението велат основната цел е со собирање на капачиња од пластичната амбалажа да се помогне во реконструкцијата на детските клиники во државата, а преку својот пример се надеваат ќе бидат поттик и другите во Охрид, било да се поединци, фирми, здруженија да се приклучат кон акцијата.

Главна цел на проектот „Секое капаче е вредно“ е да се активираат граѓаните со цел да соберат што е можно повеќе пластични капачиња. Собраните капачиња се превземаат за рециклирање преку што директно се помога на подобрување на животната средина. Хуманитарниот аспект на овој проект е насочен кон сите детски одделенија во целата држава на кои им е потребно сериозно реновирање и овозможување на подобри услови за лекување.

Во Охрид специјални конструкции за собирање пластични капачиња има на две локации кај плоштад Мини Маркет и пред ресторан Летница на самиот влез од чаршијата.

Н.С.Ј.