Еколошкото друштво „ЕКО-ЛАГ“ од Охрид се приклучи на иницијативата „Секое капаче е вредно“.
Митко Кузманоски, претставник од „ЕКО-ЛАГ“ вели дека основната цел е со собирање на капачиња од пластичната амбалажа да се помогне во реконструкцијата на детските клиники во државата.
Нашето еколошко друштво како одговорна еколошка организација повеќе од две години активно собираше капачиња и за овој период имаме собрано околу 7000 капачиња. Главна цел е да се активираат граѓаните со цел да соберат што е можно повеќе пластични капачиња, кои ги преземаат за рециклирање од „Пакомак“. Се надевам дека ова ќе предизвика желба и кај другите во Охрид, било да се поединци, фирми, здруженија да се приклучат кон акцијата, вели Кузманоски.

Н.С.Ј./К.С












