Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни Светскиот ден на животната средина втората недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на  животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности.

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:„Даме Груев“од пресекот со „Туристичка“ до „Питу Гули“ ; „Јане Сандански“ од пресекот со „Туристичка“ (Маркет Макси Д) до „Сирма Војвода“ ( кружен тек кај болницата ); “Питу Гули“ ; „Марко Нестороски“ ; „7-ми Ноември“ ;„Васил Главинов“ ; „Крсте Мисирков“ ; „Кузман Шапкарев“;„Богомилска“ ; „Ѓорче Петров“ и „Караорман“. Делењето на цвеќињата ќе се изврши на 07(вторник) и 08 (среда) јуни 2011г. од 10 до 12 часот на локација во дворот на ОУ „Христо Узунов“ Охрид.Граѓаните од горе споменатите улици цвеќето ќе можат да го подигнат со лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти јуни- Светскиот ден за заштита на животната средина, во соработка со основните и средните училишта од Охрид, организира акција за собирање на стара хартија. Акцијата за собирање на стара хартија ќе се одвива на 8 – ми јуни ( среда ) 2011г. од 8 до 17 часот.
 
Акцијата за собирање на стара хартија наменски се организира на крајот од школската година за да можат учениците да ги донесат сите непотребни списанија , тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции од  Охрид, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за нив најблиското училиште. 


Целта  на активностите што ќе се реализираат во рамки на „Недела на животната средина“ е што
повеќе да се укаже  на проблемите од областа на екологијата и да се
влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на
животната средина.

OhridNews