Членовите од советничката листа број 10 на Коалицијата на еколошки граѓански организации од Охрид, денеска ќе одржат две средби со граѓаните. Во 18.00 ч. тие ќе го посетат Пештани, а во 19.30 ч.  тие ќе имаат средба со жителите од Елшани.

На средбите заинтересираните граѓани ќе се запознаат со еколошката програма, заложбите за еко-туризмот во овие населби и најскоро решение за еколошките проблеми со кои се соочуваат.