Во реализација на проектот “Да ја запознаеме подобро нашата околина“ велосипедскиот клуб  Екодорм организира уште една несекојдневна авантура, посета на островот Голем Град на Преспанското Езеро.


Големиот град е дестинација која малкумина имале можност да ја посетат, недопрена природа од поново време, а историјата вели дека на островот од памтивек се живеело, дури и Цар Самоил како стратешко место го избрал островот за таму да ја изгради својата прва тврдина. Специфичната клима на островот е приказна за себе со флората и фауната кои во голем број се ендемични и ги има само на островот.


Поради големиот интерес за учество на оваа авантура од страна на друмски велосипедисти како и планински и велосипедисти со недоволна кондиција за да го извозат овој напорен маратон, Управниот Одбор на клубот го донесе следниот распоред на тргнување и релациите по кои ќе се движат велосипедистите:

Собирното место за тргнување како и секогаш е  СРЦ Билјанини Извори.

Велосипедистите кои ќе возат со планински велосипеди се движат според следната релација: Старт во 07:00  (најкасно 06:50 пред СРЦ) – преку с.Велесто, превојот Крстец, Шарбојца (Асан Џура) , Два Јавори, с.Лескоец, с.Стење до с.Коњско

Велосипедистите кои ќе се возат со друмски велосипеди се движат по асфалтниот пат:

Старт во 08:00  (најкасно 07:50 пред СРЦ) – преку с.Пештани, с.Трпејца, Корита, превојот Зли Дол, Отешево, с.Стење, с.Коњско

Велосипедисти кои ќе користат превоз за себе и за својот велоспиед:  Старт во 09:30  (најкасно 09:00 пред СРЦ)

За сите учесници важат основните правила за носење на заштитна кацика, алат, резервна гума, оброк, енергетски напитоци.


фото : Емилио
Ohridnews