Коалицијата граѓански еколошки организации кои учествуваа на локалните избори со своја советничка листа  но не освоија место во советот, денеска потпишаа меморандум за соработка и унапредување на граѓанското демократско општество на локално ниво  и декраларација за стратешките  еколошки и урбанистички цели со кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче.

„Независно од декларираната политичка определба на кандидатите за градоначалник на Општина Охрид, за нас, заштита на животната средина и урбанистичкиот развој на Охрид се стратешките проблеми. Се обврзуваме  дека вистински и професионално ќе се посветиме на целта“, велат екологистите.

Во декларацијата, тие и кандидатот за градоначалник Трендафилов-Нанче се обврзуваат  да формираат независно стручно тело при советот на општината  во делот за просторно и урбанистичко планирање, кое ќе влијае стручно, а не партиски.

Потписниците а декларацијата се обврзаа, при донесувањето на  просторните, генералните и деталните урбанистички планови,  да ги почитуваат прописите и стандардите пропишани  од УНЕСКО и Европската Унија.

Доколку биде градоначалник, Кирил Трендафилов – Нанче, со денешниот документ се обврза  дека ќе се залага за  функционалност на колекторскиот систем, зачувување на студенчишкото блато, решавање на проблемот со варниците во селото Лескоец, регулација на Кослска и Велгошка Река и решавање на проблемите со депониите Буково и Мауцкер.

Доколку  другиот кандидат за градоначалник ја поддржи програмата на екологитите, тие ќе потпишат меморандум за соработка и со него.

Ohridnews