Асоцијацијата на граѓански еколошки организации од Охрид која има  советничка листа на локалните избори денеска одржа прес-конференција пред  тревната површина на дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“. Тие реагираа на предлозите и донесените одлуки за менување  на делови од деталните урбанистички планови.

Тие реагираа на урбаните блокови кај каналот „Билјанини Извори“, полигонот за мали спортови и основното музичко училиште, кои, како што рекоа, се единствените  преостанати поголеми зелени површини предвидени за изградба.

„Земајќи го во предвид фактот дека претстојните години ќе бидат сé потопли и потопли како резултат на глобалното затоплување, Охрид во иднина ќе наликува на кошница за пчели„ , преупредија од асоцијацијата на граѓански еколошки организации.

Екологистите се на ставот  дека последиците од тоа ќе ги сносат граѓаните кои ќе почувствуваат промена на микроклимата во градот, влошен квалитет на воздухот со влошување на здравјето на сите, променето струење на воздухот и неподнослив сообраќаен метеж.

Ако влеземе во Советот ќе бараме итно ревидирање на овие планови за сметка на зголемување на хортикултурно уредените површини, велат од асоцијацијата.

Ohridnews