Членовите од советничката листа број 10 на Коалицијата на еколошки граѓански организации од Охрид денеска организираат прес-конференција.
Местото на одржување е зелената површина пред дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“, со симболичен почеток во 10 часот и 10 минути.
На пресот ќе стане збор за последиците од уништените зелени површини и опасноста од натамошното деградирање на зелените површини во поширокото централно градско подрачје.
Ohridnews











