Членовите од советничката листа број 10 на Коалицијата на еколошки граѓански организации од Охрид, денеска со почеток во 18.00 ч. ќ се сретнат со жителите нас. Куратица, по што во 20ч. ќе одржат средба со жителите на с. Косел.

На средбите граѓани ќе се запознаат со еколошката програма, заложбите за еко-туризмот и можностите за органско земјоделие со најсовремени агробиолошки методи во овие населби.