Членовите од советничката листа број 10 на Коалицијата на еколошки граѓански организации од Охрид, денеска ќе одржат прес-конференција во селото Орман.
Пред жителите на ова село, екологистите ќе зборуваат за можностите како да се фати чекор со современото европско земјоделство, за производството на здрава органска храна со најсовремени еколошки методи, за здравствените аспекти, како и за заштитата на водите, почвата и воздухот.
Тие ќе ја изнесат и иницијативата за отварање едукативни центри за земјоделците за потполно преструктуирање на ѓубрењето, агротехниката, дезинфекцијата и заштитата во земјоделството.
Ohridnews











