Македонските граѓани уште пред еден месец, собраа 133 потписи кои се потребни за да се распише нова петиција, за фабриките-загадувачи да се градат на 5км оддалеченост од населените места.

Од охридското Еколошко друштво „Грашница“, потенцираат дека со измената на член 20 од Законот за животна средина, изградбата на тешка индустрија во градовите ќе стане минато.
Акцијата е иницирана од актуелниот проблем со топилницата во Велес, а со корекцијата на членот во иднина нема да се повторат истите грешки. Сепак, еколошките друштва и граѓаните се уште го чекаат одговорот од Владата.
OhridNews











