Членовите од советничката листа на Коалицијата на еколошки граѓански организации од Охрид, вчера одржаа средби со жителите од Пештани и Елшани.
На средбите беше презентирана еколошката програма на советничката листа. Во непосреден разговор со жителите обострано беа истакнати заложбите за еко-туризам во овие населби и мноштвото еколошки проблеми со кои се соочуваат, пред се неизградениот колекторски систем и отпадот од плажите за чие собирање се натегаат локалната и централната власт. Екологистите им ветија забрзување на решавањето на овие проблеми бидејќи тие се дел од програмата со која бараат влез во Советот.












