Коалицијата еколошки граѓански организации која има и кандидатска листа за советници, денеска е домаѓин на екологисти од повеќе европски држави.

„Целта на нивната посета е да ни дадат поддршка во изборната кампања.

Го црпиме нивното искуство, особено од  француските екологисти каде што екологијата е на едно виско ниво, каде што тие се веќе дел од власта и можат да одлучуваат за одредени проблеми“, изјави Никола Боздоганов-Киселинов, кандидат за советник.


На денешната прес-конференција на екологистите-кандидадти за советници беше речено дека целта на влегувањето во изборната трка е, да се решаваат проблемите од животната средина, за кои, политичарите немаат доволно слух.

Ohridnews