Утре со почеток од 11:55 часот пред Самоиловата тврдина, Еколошкото друштво „Грашница“ организира еколошка акција за спас на шумскиот појас во стариот дел од градот, кој е нападнат инвазивното растение бршлен.

Како што информираат од Е.Д. „Грашница“, голем број борови и бадемови стебла во шумата помеѓу Самоиловата тврдина и Плаошник се нападнати од ова растение, кое ги загушува дрвјата и претстои опасност шумата да пресуши.

Инаку, акцијата се организира заедно со  Одделението за заштита на животна средина од општина Охрид, здруженијата  „Синан Челеби“ и  „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид како и со поддршка на студенти од Факултетот за туризам.

OhridNews