По апелите на жителите на улицата „Галичица“ и „Мирче Ацев“, ЈП „Охридски комуналец“, денес, во соработка со комуналната инспекција презеде акција за расчистување на градежниот шут кој од страна на несовесни граѓани беше расфрлан на овие улици.


Ваквите случаи на оставање на градежен шут на различни локации во градот и околината е честа слика. Поединци и понатаму го одлагаат каде ќе стигнат или пак на најблиската локација, не грижејќи се дека со тоа ја загадуваат околината, а истовремено и се создава непријатна слика за минувачите.


Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните за подигнување на еколошката свест и во иднина, градежниот шут да го пријават до нивните служби, како тие благовремено би го подигнале.  Доколку шутот се одложи во контејнери, доаѓа до оштетување на возилата со кои се подига отпадот. 

OhridNews