Eколошки инцидент се случи денеска во Велгошти алармираат од Е.Д. „Грашница“, каде бил пријавен случајот од  локалните жители.



Имено  околу 11 часот  дошло до излевање на фекална  вода од канализација кај место викано Оревот. Излевањето е од канализациона цевка. Поплавени се неколку дворови и градини засадени со земјоделски култури, информираат од „Грашница“.


–  Прашуваме колкава е свеста на одредени граѓани кои несовесно го фрлаат цврстиот отпад во канализациониот систем? Апелираме цврстиот отпад да завршува во садовите поставени за таа намена, а не во системот за одвод на отпадни води. Кој ќе ги обештети нашите сограѓани? Неодамна Европа се крена на нозе заради бизарен  загадување на земјоделски плодови со Ешерихија коли. Денес ја имаме истата бактерија во нашите дворови. Во врска со ова, по се изгледа залудни се и нашите реакции за излевање фекални води од колекторскиот систем кај бајпасот во населба Грашница. Надлежните замижуваат. До кога? – се вели во реакцијата на еколошкото друштво „Грашница“.

OhridNews