Се залагаме за почитување на сите еколошки регулативи при изградба на било каков зафат кој го засега езерото и крајбрежјето, велат од Еколошкото друштво Грашница во врска со најавениот проект за изградба на најавениот туристички проект во Љубаништа.

– Според нашите добиени сознанија, при изградбата на комплексот нема да има интервенции врз езерското дно и можни последици по живиот свет. Цврсто ќе се залагаме при изградбата и функционирањето на комплексот да бидат запазени најстрогите еколошки стандарди при изработката на документите за влијание врз животната средина. Овде пред сé, внимание треба да се посвети на малите пречистителни станици и постојан мониторинг на влијанијата во текот на градбата и користењето, потенцираат од „ Грашница“.

Истовремено еколозите, напоменуваат дека ќе ја анимираат јавноста да биде активно вклучена во јавните расправи кои се составен дел од оценките за влијание врз животната средина, со цел да се постигне спој на еколошките и економските придобивки.

Од  канцеларијата на здружението на граѓани кое се занимава со заштита на животната средина “ Зелен центар“- Охрид, со поддршка за проектот.

–    Според информациите кои ги добивме проектот ги запазува сите највисоки еколошки стандадри, нема никакви интервенции на езерското дно, а вклучува и целосна заштита на биодиверзитетот на езерото и крајбрежјето. Радосни сме што една од најмоќните светски компании во туризмот го добра токму Охрид и Охридското езеро за својата мулти милионска инвестиција која ќе значи развој на туризмот, економски напредок на целиот регион, но и висока еколошка заштита со примена на најдобрите светски искуства. Посакуваме што повеќе вакви иницијативи и проекти за целата држава, наведуваат од „ Зелен центар“.

OhridNews