Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на компании ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во декември 2012 година како поповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна во однос на декември 2011 година.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството во декември 2012 година е поповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а очекувањата за бројот на вработените се исти како и во претходниот месец. Во декември 2012 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готови производи во декември 2012 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2012 година изнесува 59.7% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во декември 2012 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.6%, недоволната домашна побарувачка со 16.0%, финансиските проблеми со 14.6% и неизвесното економско опкружување со 9.5%.

OhridNews