Искусниот шпански стручњак Рафа Бенитез е назначен за нов менаџер на англискиот премиерлигаш Њукасл, а ќе го наследи Стив Мекларен кој доби отказ по серијата лоши резултати.
Бенитез кој сезонава ја почна во Реал Мадрид ќе има „ѓаволска“ тешка задача на Сент Џејмс Парк да го спаси клубот од испаѓање во понизок ранг.
Моментално, „страчките“ се наоѓаат на претпоследната позиција на табелата со скор од шест победи, шест реми и дури 16 порази.
Закован на последната позиција е тимот на Астон Вила додека после Њукасл се Норвич и Сандерленд и токму од овие три тима, два ќе се збогуваат од елитата.
OhridNews











