Ибраим
Сулејман, припадник на некогашната ОНА, во средата наутро при редовната
утринска проверка е пронајден мртов во својата ќелија во штипскиот
затвор, информираат од Управата за извршување на санкции, пренесува
„Макфакс“.

Затвореникот, роден 1973 во Тетово, утрово бил
пронајден починат од затворските служби. Повикана е екипа на Брза помош,
МВР, Истражен судија и Основен Јавен обвинител и првичните сознанија е
дека се работи за природна смрт.

„Меѓутоа, обвинителот нареди
обдукција на телото за да имаме точни податоци која е причината за
смртта. Во овој момент зборуваме за природна смрт. Нема знаци на
насилство врз телото. Тоа е констатирано од докторите и од Истражниот
судија“, изјави Лидија Гавриловска, директор на управата.

По
пресуда на скопскиот кривичен суд починатиот одлежувал казна затвор од
15 години за извршени кривични дела, неповрзани со Конфликтот во 2001
година, бидејќи бил опфатен со законот за амнестија. Неговата казна
истекувала на 14 октомври 2017 година.

Министерот за правда
Блерим Беџети побара надлежните служби да ги испитаат причините и
околностите за смртта на затвореникот Ибрахим Сулејмани.

Како што
се наведува во соопштението од Министерството за правда, првичните
податоци докажуваат дека не се пронајдени знаци на насилство на телото
на починатиот и произлегува дека смртта настанала од природни причини.

„Сепак,
и покрај првичните податоци дека станува збор за природна смрт,
министерот Беџети ги ангажира сите надлежни служби за да се разгледа
било каква  дилема  која би  ја имала јавноста  и семејството на
починатиот, околу причините за смртта“ се вели во соопштението.

OhridNews
извор:„Макфакс“