Ракометниот клуб Струга го доведе првото засилување во своите редови во летниот преоден рок. Стружани се засилија со Дарио Симоноски, кој минатата сезона го носеше дресот на охридскиот ракометен клуб.

Симоноски е роден во Струга и трансферот значи негово враќање дома по неколкугодишна авантура во Работнички, Јуниор Кисела Вода и Охрид. Ракометарот на линијата од шест метри ќе му се придружи на Алекандар Тренчевски, кој ќе ја троши третата сезона во Струга.

Уште еден ракометар кој нема да биде дел од Охрид си најде нов клуб. Златко Везенковски следната сезона ќе игра во Радовиш. Со овој трансфер радовишани дека имаат сериозни амбиции и посакуваат да играат важна улога во борбата за плеј оф.

Сезоната во Супер лигата ќе биде мошне интересна и затоа трансфер потезите во летниот преоден рок можат многу да значат во трката за ТОП 4 на табелата.

OhridNews