Поранешниот селектор на Македонија, Александар Џикиќ го презеде кормилото на белградскиот кошаркарски клуб Партизан.
Џикиќ на клупата од „црно белите“ седнува на местото од Петар Божиќ кој не успеа да го извлече клубот од слабите резултати по заминувањето на Душко Вујошевиќ.
Некогашниот учесник на фајнлфорот во Евролигата сезонава со скор 6 победи и 18 натпревари се наоѓа на последната позиција на табелата во АБА лигата.
Џикиќ со македонската кошаркарска репрезентација избори пласман на Евробаскетот минатата година, но сега се наоѓа пред најголемиот предизвик да го врати Партизан на славните кошаркарски патеки.
Ohridnews










