По силните критики вметнати во официјалниот документ од конвенцијата одржана во Истанбул и најавите на Венецијанската комисија од минатата година, експерти на УНЕСКО деновиве во Охрид ќе престојува мисија на УНЕСКО која доаѓа во мониторинг мисија која има советодавен карактер со цел заштита на природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Неофицијално експертите на УНЕСКО ќе ги посетат заштитените зони во градот, но и локациите на крајбрежјето и Националниот парк Галичица, кој отпочна постапка за промена на планот за управување со цел реализација на владините проекти за изградба на ски центар, експресен пат, медитеранска плажа и туристички зони.

Предвидено е експертите на УНСКО да остварат средби со претставници на Националниот парк Галичица, Заводот и Музеј, Локалната самоуправа, но и со претставници на невладиниот сектор и еколошки организации.

OhridNews